In medias res е месечен поткаст кој го објаснува апсурдното политичко и општествено секојдневие во Република Македонија. Преку анализа на настаните и одлуките кои нѐ довеле до тука, но и преку обид да се антиципираат идните настани – ин медиас рес го прави секојдневието полесно за разбирање. Ненад Марковиќ месечно води разговор со политиколози, историчари и општествени аналитирачи на теми кои сите нѐ засегаат.
Концептот на правична и рамномерна застапеност не е само последица на уставните амандмани произлезени од Охридскиот рамковен договор, туку е и едно од основните принципи врз основа на кои се уредуваат современите мултиетнички општества. Од една страна, ова значи релативно рамномерно претставување на различните етнички заедници во администрацијата, судството, јавниот сектор инт. Но, од друга страна, овој принцип не смее да го повред...
Рангирањето на најстариот македонски универзитет на 1.990 место од вкупно 20.000 универзитети укажува дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е многу блиску до испаѓање од 2.000 најуспешни универзитети во светот, а сè подалеку од посакуваниот пласман во првите 1.000 најуспешни универзитети. Она што навистина загрижува е надолниот тренд, каде од почетоците на неговото рангирање, УКИМ константно назадува. Другите македонски у...
Почнаа кампањите. И претседателската и онаа за парламентарните избори. На почетокот претседателските кандидати некако срамежливо ги пласираа своите програми, а по втората недела работите почнаа да го добиваат својот вообичаен и очекуван тек – дисквалификации, навреди на идеолошка, но и лична основа, токсичност, партиски ботови и негативна кампања. Докажано е дека токму негативната кампања ги одвраќа неопределените гласачи да излеза...
Истражувањето за состојбата на демократијата ширум светот спроведено од ценети универзитети, истражувачки центри и меѓународни организации, открива голем број загрижувачки податоци во врска со ангажирањето на младите во политиката и нивното задоволство од демократијата. Како резултат на тоа, постои глобален пад на интересот на младите за политиката, како и нивното учество во гласачкиот процес.
Студиите спроведени од веродостојни меѓународни организации покажуваат дека кај жените, споредено со мажите, постои три пати поголема веројатност да бидат жртви на насилство како резултат на нивното активно учество во политиката. Постојат многу различни видови насилство, вклучувајќи заплашување, говор на омраза, закани, психичко малтретирање, сексуално вознемирување и понижување. Постојат многу различни...
Предизборните кампањи само што не почнале. А еднаш кога ќе почнат, испитувањата на јавното мислење се секојдневна тема, па зачестуваат и објавите на различните институти, агенции и центри кои испитуваат јавно мислење. Партиските реакции следат „по дифолт“. Граѓаните секогаш реагираат на анкетите, некогаш позитивно, а често и негативно, особено затоа што многумина сметаат дека анкетите се инструмент за правење притисок и насочување ...
Живееме во време на политичка коректност. Потребата за внимавање при изразување на сопствените ставови со цел да не се повреди или дополнително влоши состојбата на одредени општествени групи кои притоа може да се маргинализирани е легитимна, но прашањето е - дали хуморот треба и уште повеќе, во која мерка треба да се цензурира со цел да не повредат нечии чувства. Дали намерата е битна или не? Се чини де...
Независноста на македонската држава беше прилика и за економско осамостојување и напредок. Сепак, првата декада по независноста со ништо не навестуваше дека ова ќе биде реалност. По, без малку, катастрофалната приватизација на општествениот капитал, следеше декада на сиромаштија и социјално раслојување која кулминираше со конфликтот во 2001 година. И додека економијата полека почна да застанува на нозе по драматичните деведесетти, ...
Напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ се чини условена од внатрешните прилики во самата унија. Од една страна, сè погласни се политичките групации кои велат дека ЕУ треба да се подели во повеќе групи или ентитети, кои очигледно нема да имаат исти обврски ниту права, доколку ваквата реформа се прифати. Од друга страна, во прашање се доведува и одлучувањето со консензус кое се чини често ја парализира унијата, а истовреме...
Уморот од досегашните актери на политичката сцена, перманентните идентитетски расправии со соседите, слабата социоекономска форма на земјата, серијата глобални кризи, но и предолгиот европски пат кој досега го изодевме, а никако да кулминира со успех, нè доведоа до тоа, македонското општество да создаде предуслови за процут на феномен кој не е така непознат кога вакви фактори ќе ја создадат совршената бура – популизам. Како идеолог...
Еден од најголемите проблеми на македонската демократија се чини дека е градењето консензус во важни национални прашања. Независно од големината на проблемот, домашните политички елити ниту еднаш самите не дошле до консензус за одредено прашање по пат на политички договор. Иако националните приоритети на Р.С. Македонија отсекогаш биле јасно поставени и зацртани, се чини дека нивното остварување оди многу...
Политичките партии водат јалов дијалог за уставните измени. Наместо да се дојде до решение, целата битка се претвори во политичко надмудрување. И оваа криза, како и многу други, почна со неможност за комуникација во Собранието, а потоа се пресели во стандардниот формат на лидерски средби. Како веќе познат феномен, разрешницата е повеќе од јасна. Доколку лидерските средби и меѓународниот притисок не го решат проблемот, тоа сигурно ќ...
Три децении судскиот систем во Македонија бележи едно од најниските нивоа на доверба кај граѓаните. Најновите случувања во Судскиот совет само ја надополнуваат и придонесуваат кон лошата слика за она што се случува како долгорочен негативен тренд во македонското судство. Ваквата констатација создава состојба кога сите судии, и оние кои чесно и навремено си ја вршат својата работа и оние кои се дел од ови...
Потрагата по вистинскиот изборен модел кај нас трае подолго од три децении. По прогласувањето на независноста, државата го воведе мнозинскиот изборен модел за парламентарните избори, за веќе во 1998 година да стане јасно дека тој е несоодветен од многу причини. Во 1998 година се обидовме со комбиниран модел, за веќе во 2002 година да го воведеме оној кој и денес го имаме – пропорционалниот изборен модел со шест изборни единици и Д’...
Судирот во Украина изроди апокалиптични сценарија во кои европските држави требаше да се смрзнат измината зима, да доживеат енергетски колапс или во најмала рака да се соочат со енергетски дефицит кој би ги дестабилизирал политички и економски. Иако ништо од тоа не се случи, останува сепак впечатокот дека сега повеќе од кога било мора да се отворат темите на енергетска независност на државите, вклучително и Македонија, како и темит...
Признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од страна на Српската православна црква во мај 2022 година донесе комплетно нов, позитивен но и донекаде неочекуван пресврт во односите на МПЦ-ОА со другите православни цркви. По неколкудецениска борба за автокефалност, МПЦ-ОА го оствари вековниот сон на многу генерации Македонци кои сонуваа за самостојна црква која ќе биде прифатен...
Отворањето на двата културни клуба за афирмација на бугарските културни вредности во Р С Македонија, наречени по двете контроверзни историски личности, Иван Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, отвори сериозни политички, историски но и безбедносни дилеми во нашето општество. Во атмосфера на недоверба и поларизација помеѓу двата народа по бугарското вето, а во светло на работата на Мешовитата историска комисија, се чини дека отворањет...
Јавната администрација и борбата против корупцијата се теми кои се од клучна важност за приближување на Република Северна Македонија кон Европската унија. Сместени во делот на извештаите за напредокот на државата кон ЕУ наречен „фундаменти“, подобрувањата и евентуалните влошувања во овие две подрачја будно се следени од Европската комисија години наназад. Иако се ...
If you've ever wanted to know about champagne, satanism, the Stonewall Uprising, chaos theory, LSD, El Nino, true crime and Rosa Parks, then look no further. Josh and Chuck have you covered.
Join Holly and Tracy as they bring you the greatest and strangest Stuff You Missed In History Class in this podcast by iHeartRadio.
Current and classic episodes, featuring compelling true-crime mysteries, powerful documentaries and in-depth investigations.
The Clay Travis and Buck Sexton Show. Clay Travis and Buck Sexton tackle the biggest stories in news, politics and current events with intelligence and humor. From the border crisis, to the madness of cancel culture and far-left missteps, Clay and Buck guide listeners through the latest headlines and hot topics with fun and entertaining conversations and opinions.
If you can never get enough true crime... Congratulations, you’ve found your people.